Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2023-2024

Сподели со своите пријатели

Министерството за образование и наука информира дека објавени се резултатите од  конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2023-2024 и истите може да се погледнат на следниот линк.

Loading...

Учениците кои се стекнаа со правото на користење стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до 29.12.2023 да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. 

Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следниот период.

За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса [email protected].

Интегрално соопштение: Министерство за образование и наука