Рачна бомба пронајдена во двор во кумановско

Сподели со своите пријатели

Неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна била пронајдена во двор во кумановската населба Ајдучка Чешма.

Loading...

– На 18.12.2023 во 10.39 часот во СВР Куманово, А.М. пријавил дека во неговиот двор во населба Ајдучка чешма во Куманово пронашол неексплодирана рачна бомба од Втора светска војна, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна уредувањето околу Спортската сала во Куманово (ФОТО)