Кумановец физички ја нападнал својата мајка

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец физички ја нападнал својата мајка, а случајот ноќва бил пријавен во полиција.

Loading...

– На 18.12.2023 во 01.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (38) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Д.С бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дедо допирал по тело малолетно девојче од Куманово