85-годишник од САД ја убил сопругата затоа што го терала да јаде палачинки за појадок

Сподели со своите пријатели

Стивен С. (85) од Вашингтон е обвинет за убиство на сопругата Шерон, а на полицијата ѝ рекол дека ја убил затоа што го терала да јаде палачинки.

Loading...

Еден постар маж ја убил својата сопруга минатиот викенд затоа што одбил да ги изеде палачинките што таа му ги правела за појадок, соопштија властите во петокот.

Стивен ја избодел сопругата во грб, а откако таа рекла дека сака тој да се здебели.

„Ја убив, боже. Не се сеќавам, тоа беше толку луда караница”, рекол Стивен додека бил приведен.

За време на сослушувањето тој изјавил дека ослабел околу 25 килограми додека бил неодамна во болница, а неговата сопруга сакала повторно да качи неколку килограми, пишува NY Post.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маскирани агенти вадат оружје кон невооружени граѓани: Вака изгледа Америка сега

Стивен рече дека неговата сопруга знаела да бара многу, но додаде дека „тоа го направила затоа што го сакала и сакала да биде добро“, се наведува во документите.

Кобното утро Шерон налутено му бутнала чинија со палачинки кога слушнала дека не планира да ги изеде затоа што изел крофна претходниот ден.

Набрзо почнала расправија

„Следното нешто на кое се сеќавам е чинија која се крши од ѕидот“, рече Стивен.

Loading...

Потоа грабнал нож и го пикнал во грбот на жената.

Соседите слушнале викање од куќата и вознемирени го повикале синот на Стефан, кој брзо дошол во куќата на неговите родители.

„Ја избодев, сега ќе се избодам“, му рекол на синот кој зачудено ја гледал својата крвава мајка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во случај на војна, Америка залихи од ракети за само осум дена?

Кога пристигнала полицијата, Стивен се заканил дека ќе си го пресече стомакот со нож.

Потоа почнал да се сече со сечило, но полицијата брзо го разоружала.

Стивен и неговата сопруга брзо биле пренесени во болница, но за несреќната жена немало спас.

Обдукцијата покажала дека сечилото поминало низ нејзиното срце.

Старецот се држи во притвор без можност за кауција.

Loading...