Автомобил удри во претседателскиот конвој на Бајден: Тајната служба извади пиштоли (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Автомобил синоќа удри во паркираниот џип од обезбедувањето на американскиот претседател Џо Бајден, а е снимен моментот кога шефот на Белата куќа сфатил дека нешто се случило.

Loading...

Ен-Би-Си Њујорк објави дека инцидентот се случил додека Бајден го напуштал изборниот штаб, а ниту тој ниту неговата сопруга Џил не биле повредени.

Безбедносниот џип на Бајден, во кој автомобилот удрил од непознати причини, бил паркиран на блиската крстосница за да ја блокира областа додека не си замине американскиот претседател.

На видеото се гледа дека Бајден застанал и изненадено гледал од каде доаѓа звукот, по што агентите на Тајната служба набрзина го внеле во блиндиран џип во кој веќе седела Џил и веднаш ги однеле од таму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД одобрија продажба на оружје на Израел тешка 7,5 милијарди долари

Во исто време, други агенти на Тајната служба со пиштоли во рацете го опколија автомобилот што удри во обезбедувањето на Бајден.

Му наредиле на возачот да ги крене рацете.

Се наведува дека распоредот на Бајден не бил нарушен поради инцидентот.

 

Loading...