Фото кино клуб „Козјак” Куманово одбележува 75 години постоење

Сподели со своите пријатели

Уметноста е продукт на културата, таа е вид на естетска комуникација помеѓу авторот и публиката, а нејзина главна цел е презентација на едно субјективно видување на постоењето. Пораката на уметничкото дело може да биде насликана, напишана, снимена, извајана, отсвирена а може и да биде заробена во еден единствен момент фатен со скаменетото око на фото – апаратот.

Loading...

Фотографијата истовремено е уметност, наука и практика, која ја има таа моќ да раскажува приказни преку боите, мигновените изрази на лицето и телото, пејсажите, движењата и емоциите фотографирани и ставени во рамка. Иако строго визуелна по дефиниција, нејзината порака се чита со сите сетила и допира до секоја емоција. Благодарение на фотографијата, произлегува нова форма на култура која претставува комуникација од двожечки карактер кој заедно со звук раскажува најразлични приказни и помага на луѓето да научат нови идеи. Форма на култира позната како филм.

Една ваква уметничка презентација на светот гледан низ објектив,  претставуваат и овогодишните манифестации на Фото Кино Клубот “КОЗЈАК”, по повод  јубилејните 75 години од постоењето. Публиката ќе има можност да види фотографии, филмови, мигови од реалноста, специфичен вид на сведоштва за она што, низ уметничката перспектива на нашите членови, значи да се биде ОВДЕ и СЕГА. Овие манифестации имаат за цел да го презентираат и надополнат естетскиот сенс за уметничката фотографија и филм, кој го гради нашиот клуб повеќе од половина век. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК “Козјак”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најдобрите пожарникар и полицаец за 2024 година во Куманово

По повод своите јубилејни 75 години ФКК “Козјак” оваа година организираше низа настани. Сите љубители на фотографија и филм, имаа и ќе имаат можност да уживаат во уметнички дела создадени со љубов и макотрпна работа во изминатите години од страна на ФКК “Козјак”.

Започнувајќи со настан под наслов “Мајски салон 2023” која е и традиционална клубска изложба на ФКК “Козјак”  и истиот беше реализиран во изминатиот период. Во склоп на овогодишниот салон, посетителите имаа можност да видат уште една изложба на уметничка фотографија насловена “Различни погледи” од членовите на нашиот збратимен Фото клуб “Марибор” од Словенија.

Како следен настан беше меѓународниот фестивал на краток филм “ФИЛМАЈ 2023” кој веќе пет години по ред се одржува и на истиот оваа година земаа учество автори од 45 земји или 196 филма, a беа доделени награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, награда “Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографијиа, награда “Козјак” за најдобро сценарио и награда “ФИЛМАЈ” за најдобар филм.Љубителите на филмската уметност имаа можност да уживаат во најдобрите филмски остварувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

Како третти настан беше традиционално организирана најстарата меѓународна изложба во Македонија, “Фото Салон 2023”. Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години “Фото Салон” прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот. На овогодишниот натпреварот земаа учество 115 автори од целиот свет и на истата беа доделени 25 награди во категорија Слободна и главна награда за најдобар автор на изложбата.

Како последен настан за оваа година можеби и најзначаен за историјата и творечките дејности на ФКК “Козјак” низ годинитe, посетителите ќе имаат можност да бидат дел од настанот на 20.12.2023 (среда) во Занаетчиски дом – Куманово со почеток од 18:30 часот.  Во склоп на целиот програм ќе имате можност да погледнете неколку кратки филма, изложба на уметнички фотографии, награди, признанија и сл. се онаа што ФКК “Козјак” творел во изминатите 75 години.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во среда по 17. пат „Дедо мраз на мотор“ во Куманово

Програм на настанот е следен:

  • Прием на гости 18:30ч
  • Проекција на документарен филм Радислав Ристевски 3- години со аматерски филм 18:45ч
  • Поздравен говор 19:25ч
  • Проекција на дијапозитиви 19:45
  • Проекција на два кратки филма од стари членови 20:00ч
  • Коктел 20:30ч

Сите посетители, љубители на фотографија, љубители на филм, ве покануваме да уживате во поставките и проекциите.

За жал, фотографијата како уметничко изразување,  во Македонија е помалку или повеќе, пасија на ниво на хоби, организирана во повеќе фото-клубови ширум државата. Но дури и како таква, таа побудува се поголем интерес кај младите што резултира со дела кои го збогатуваат квалитетот на македонската фотографија и се повеќе ги истакнуваат нејзините специфики. Токму како подршка на креативноста на младите и неафирмирани фотографи, но и како презентација на оние наши членови чии имиња и дела се веќе препознатливи во светот на уметничката фотографија, ФКК “Козјак” оваа година слави 75 години од своето постоење.

Интегрално соопштение