Неделна прогноза за Куманово: Без снег, но во утрински минус

Сподели со своите пријатели

Наутро студено, а преку денот сончево, ќе биде времето денеска низ Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини претпладне магливо, или со ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне до осум степени целзиусови.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Околу 12 милиони евра вложуваме во Куманово за инфраструктурни проекти

Утре во кумановско ќе имаме сончево и потопло време. Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер, а температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални 11 степени целзиусови.

Среда носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти околу нулата, а максималната дневна ќе достигне 10 степени целзиусови.

Четврток носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи околу нулата во утринските часови, а во текот на денот ќе достигне 6 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со 700.000 евра ќе се реконструира спортскиот комплекс „Соколана“ (ФОТО)

 

 

Во петок ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен во негатива, а максималната дневна ќе достигне седум степени целзиусови.

Ноќта од петок кон сабота се очекуваат врнежи од дожд.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални -3 до максимални 6 степени целзиусови.

И во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 6 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  143 милиони денари за целосно завршување на Театар Куманово (ФОТО)

 

 

Ноќта од недела кон понеделник се очекуваат комбинирани врнежи од дожд и снег.

Во текот на следната работна недела ќе имаме претежно сончево и суво време.

Никола Ивановски