Доларот дополнително падна, цената на нафтата порасна

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна втор ден по ред, на најниско ниво во речиси четири месеци.

Loading...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,03 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,62 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 141,80 јени, колку што беше и вчера во овој момент.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0980 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0895 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во министерството за енергетика просечната нето-плата е 105.628 денари, каде е најниската?

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,39 отсто, на 76,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,34 отсто, на 71,80 долари.