75-годишен Србин со товарно возило прегазил кумановец

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и петгодишен возач на товарно возило од Србија удрил во пешак на магистралниот пат Свети – Николе Куманово.

Loading...

– На 13.12.2023 во 18.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на  регионалниот  пат Свети Николе – Куманово, товарно возило „ивеко“ со српски национални ознаки, управувано од М.М.(75) од Република Србија, удрило во пешакот С.М.(47) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна уредувањето околу Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски