Министерството за здравство на Република Македонија распиша оглас преку кој ќе се стимулира отворање ординации на матични доктори по општа медицина во точно определени рурални подрачја.
Министерот за здравство, информира дека огласот се однесува за вкупно 20 населени места во кои ќе се основаат ординации, а кон кои гравитираат околу 20.000 жители од над 115 населени места во околината, а лекари според огласот се бараат и за селата Страцин, Ранковце и Арбанашко.
Министерството за здравство донесе одлука да го субвенционира патот на докторот за сите релации над 25 километри, во случаи кога има обврска да патува за да им даде здравствена заштита на своите пациенти – вели министерот за здравство Никола Тодоров.