Борел: Загрижен сум што веќе седум дена нема вести за Навални

Сподели со своите пријатели

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска објави дека е загрижен што седум дена нема вести за водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор.

Loading...

„Крајно загрижувачка е веста за Навални, кој седум дена се води како исчезнат. За неговата безбедност и здравје во затвор е одговорно руското политичко раководство и тие ќе одговараат. ЕУ бара тој веднаш и безусловно да биде ослободен. и затоа што е затворен од политички причини“, изјави Борељ на платформата Икс (Твитер).

Од Кремљ, пак, велат дека „немаат ниту намера ниту можност“ да го следат издржувањето на затворската казна на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца загинати во пукање во Москва во близина на канцелариите на најголемата руска онлајн продавница

„Не, немаме ниту намера ниту можност да ја следиме судбината на затвореникот и процесот на неговиот престој во надлежните институции“, рече Песков на прес-конференцијата, пренесе РИА Новости.

Коментирајќи ги изјавите на Вашингтон за загриженост за судбината на Навални, Песков рече дека тој е прогласен за виновен на суд и дека секое мешање, вклучително и американско мешање, е неприфатливо.

„Ова е затвореник кој беше прогласен за виновен и издржува казна. Сметаме дека нечија интервенција, вклучително и САД, е неприфатлива“, рече Песков.

Претходно, портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изрази загриженост за судбината на Навални и рече дека тоа е пренесено до руската влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија

Песков истакна дека руската влада не знае за такви извештаи.

Loading...

„Можеби е пренесено преку МНР, не знам“, додаде Песков.

Соработниците на Навални во понеделникот објавија дека шест дена немаат никакви информации за него, ниту пак знаат каде се наоѓа.

Од казнената колонија во Владимирската област, каде што Навални издржува 30-годишна казна, соопштија дека тој повеќе не е на нивната листа на затвореници.