Зеленски во Белата куќа на средба со Бајден: За што ќе разговараат?

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа доби овации на Националниот одбранбен универзитет во Вашингтон, откако им се обрати на американските воени претставници, на почетокот на посетата на главниот град на САД со цел да го убеди Конгресот да обезбеди поголема воена помош за Украина пред да истечат средствата.

Loading...

Во својот говор тој истакна колку е важно Русија да биде поразена во Украина бидејќи, како што рече, „ако Русија победи во Украина, рускиот претседател Владимир Путин нема да застане тука“.

„Неговото (на Путин) оружје против вас во моментов е пропаганда и дезинформација. Но, ако види можност, ќе оди подалеку од тоа. Сега тој ги придвижува руската економија и општество на воениот колосек“, рече Зеленски, пренесува Асошиејтед прес, а пренесува Гласот на Америка.

Тој додаде дека слободата мора да победи и им се заблагодари на Американците за поддршката.

„Целиот свет не гледа. Украина не се откажа и нема да се откаже. Знаеме што треба да направиме и може да сметате на Украина. И се надеваме дека можеме да сметаме на вас“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдени остатоците од авионот што исчезна на Алјаска: Загинати сите патници

Украинскиот претседател рече дека украинските сили досега имаат обновено 50 отсто од територијата што ја изгубиле во војната со Русија.

„Во овој момент, среде жестоки борби, нашите војници држат позиции на фронтот и не ѝ дозволивме на Русија ниту една победа оваа година. Но, ние мора да ја добиеме и војната во воздухот“, додаде тој.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на Националниот одбранбен универзитет изјави дека американската поддршка за Украина е непоколеблива и предупреди.

Loading...

„Ако не се спротивставиме на агресијата на Кремљ денес, ако не ги одвратиме другите потенцијални агресори, само ќе поканиме поголема агресија, крвопролевање и хаос“.

Зеленски потоа се сретна со шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, изразувајќи благодарност до ММФ за „поддршката на Украина“ и рече дека Киев работи на спроведување на препорачаните реформи.

„Ви благодариме што ја поддржувате Украина и ги славевте успесите на нашата земја и народ“, рече Зеленски на својот канал Телеграм по состанокот на ММФ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пентагон двојно го зголеми бројот на медиумски организации кои мора да ги напуштат канцелариите

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд во понеделникот одобри исплата на 900 милиони долари за Украина од програмата за заем од 15,6 милијарди долари, неколку часа пред првиот човек на ММФ да се сретне со Зеленски.

Георгиева му кажа дека извршниот одбор на ММФ е едногласен во поддршката за Украина, освен за една земја, рекоа претставници на ММФ, јасно споменувајќи ја Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да одобри 61,4 милијарди долари помош за Украина, дел од пакетот од 110 милијарди долари кој ќе вклучува пари за Израел и други потреби за национална безбедност.

Но, прашањето за помошта се заплетка во дебатата за имиграциската политика и безбедноста на границите. САД веќе и дадоа на Украина 111 милијарди долари помош во војната против Русија.

Зеленски денеска ќе им се обрати на членовите на Конгресот и ќе се сретне со Бајден во Белата куќа

Ова е последната недела пред празниците кога Конгресот ќе заседава, па дали ќе се постигне договор за помош останува отворено прашање.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас: Се надеваме дека зборовите на Трамп за раселување на Палестинците не се сериозни

Републиканците бараат финансирањето на Украина и Израел да биде поврзано со дополнително финансирање за обезбедување на јужната граница на САД и спречување на влез на илегални имигранти. Досега Белата куќа не се согласи со тој услов, што може да налути некои демократи.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека средствата за Украина полека се трошат.

„Ова е моментот да дејствуваме, бидејќи ако не го сториме тоа, знаеме што следува. Путин ќе продолжи неказнето и сите знаеме дека нема да застане во Украина“.

Американскиот претседател го покани својот украински колега на разговори и ја истакна „суштинската важност“ од продолжување на финансирањето на војната против Русија.

Белата куќа во неделата објави дека Бајден и Зеленски ќе разговараат за „итните потреби“ на Украина.

Како што соопштија од кабинетот на Зеленски, тој денеска ќе оствари приватна средба со претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон.