Најмалку две лица загинаа во авионска несреќа во северниот дел на Нов Јужен Велс (NSW) во Австралија, соопшти во вторникот полицијата.
Loading...
Авионот се урна во далноводи на околу 25 километри западно од градот Графтон.
„Се верува дека две лица во авионот загинале. Полицијата работи на идентификација на патниците во авионот“, се вели во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс.
Оттаму додаваат дека полицијата ќе соработува со воздухопловните власти во расветлувањето на околностите на несреќата.