Јапонија: Тројца поранешни војници виновни за сексуален напад на колешка

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот суд прогласи тројца поранешни војници за виновни за сексуален напад на поранешна колешка, објави Ројтерс.

Loading...

Случајот на поранешната припадничка на одбранбените сили Рина Гоној (24), кој привлече меѓународно внимание, се однесува на инцидент во 2021 година за време на нејзината служба во армијата, кога таа рече дека била малтретирана од колегите.

Обвинетите, кои негираа дека станува збор за сексуално вознемирување, добија по две години условна казна, објавија локалните медиуми.

Гонои, која рече дека била цел на постојано малтретирање, тврдела дека тројцата мажи ја собориле на земја, и ги рашириле нозете и го притискале меѓуножјето врз неа, симулирајќи сексуален чин.

Таа потоа се пожалила на властите, но подоцна решила да ја напушти војската бидејќи видела дека не е преземено ништо.

Кога таа излезе во јавноста со обвинението во 2022 година, јапонското Министерство за одбрана објави јавно извинување и најави дека пет лица вклучени во инцидентот ќе бидат ослободени од должностите, а четворица ќе бидат казнети.

Нејзината борба беше препознаена и на меѓународно ниво: магазинот Тајм ја вклучи во 100-те претстојни лидери во светот, додека Би-Би-Си ја вклучи во 100-те највлијателни жени во светот.

„Го ценам фактот дека тие го почитуваат она што го работам. Во Јапонија постои тенденција кога луѓето јавно излегуваат, тие се критикувани“, изјави Гонои за Ројтерс.

Loading...

Таа додаде дека добила многу погрдни коментари.

„Сепак, знам дека светот го цени она што го работам“, рече таа.

Одделно, Гонои поднесе приватна тужба против нејзините поранешни надзорници и владата, барајќи отштета за малтретирање и недостиг од одговор, и покрај нејзините поплаки, пренесува Танјуг.