Државјани на Британија и Турција приведени на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Две лица, од кои едниот државјанин на Велика Британија, а вториот на Турција, биле приведени завчера на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 10.12.2023 во 23.00 часот на граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ј.Г.(31) од Велика Британија затоа што при извршена проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот период на престој во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од иста причина неполни два часа претходно бил приведен и турски државјанин.

– На 10.12.2023 во 21.20 часот на граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода О.Х.Ф.(36) од Република Турција затоа што при извршена проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот период на престој во државата, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови на кумановско

Како што додаваат од полицијата, и двете лица се предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски