100 членови на Хезболах загинале од почетокот на конфликтот во Газа

Сподели со своите пријатели

Либанската, проиранска екстремистичка организација Хезболах денеска ги објави имињата на двајца свои членови убиени во последните напади на израелските одбранбени сили (ИДФ), со што вкупниот број на загинати членови на милитантната организација достигна 100 од почетокот на војна во појасот Газа.

Loading...

Тој биланс на жртви вклучува членови на Хезболах убиени во нападите на ИДФ во јужен Либан за време на граничните конфликти, како и неколкумина убиени во Сирија, пишува Тајмс оф Израел.

Израелските воени претставници проценуваат дека оваа бројка е поголема и тврдат дека Хезболах го крие вистинскиот број на загинати во своите редови, пренесува Танјуг.