Неделна прогноза за Куманово: Сонце, дожд, па снег

Сподели со своите пријатели

Во првата половина од ноќта времето низ Македонија беше променливо облачно, во западните и југозападните делови со локални слаби врнежи од дожд, а на планините со слаб локален снег.

Во втората половина од ноќта облачноста се намали и дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утрово преовладува сончево време, а по одделни котлини има појава на магла.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.

Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Печалбарите повикаа на официјална средба со премиерот и директорката на УЈП (ВИДЕО)

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени, а дневниот максимум се очекува да достигне осум степени целзиусови. Во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка нападната од нејзиниот малолетен син

Во среда ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу шест степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 11 степени целзиусови.

Четврток носи облачно време и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 11 степени целзиусови.

 

 

Облачно со врнежи од дожд ќе биде и во петок кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од еден степен во утринските часови до максимални 7 степени целзиусови. Во текот на ноќта дождот ќе преминува и во снег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе излеземе ли од минусните температури?

Сабота носи облачно време со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи од -1 степен во утринските часови до максимални три степени целзиусови во текот на денот.

Недела носи претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, е дневниот максимум ќе достигне шест степени целзиусови.

 

 

Слично време со комбинација од сонце, дожд и снег, ќе имаме и во следната работна недела.

Никола Ивановски