Иран ги предупреди ОН на „неконтролирана експлозија“ на ситуацијата на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Иран го предупреди генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за заканата од „неконтролирана експлозија“ на Блискиот исток, откако САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на огнот во Појасот Газа.

Loading...

„Се додека Америка ги поддржува злосторствата на ционистичкиот режим и продолжувањето на војната, постои можност за неконтролирана експлозија на ситуацијата во регионот“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан за време на телефонскиот разговор со Гутереш. соопшти иранското министерство.

Абдолахаин ја пофали одлуката на генералниот секретар да се повика на членот 99 од Повелбата на Обединетите нации, нарекувајќи ја „храбра акција за одржување на меѓународниот мир и безбедност“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен го обвини Гутереш дека „зазема страна со Хамас во повикот за прекин на огнот во Појасот Газа“.

Во петокот, САД ставија вето на резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации за актуелниот прекин на огнот во Газа.

За резолуцијата гласаа 13 членки на Советот за безбедност на ОН, додека Велика Британија беше воздржана.