Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва соопшти дека е одобрено зголемување на дневната количина на гориво што може да влезе во Појасот Газа.
Во соопштението не се наведува колку ќе биде зголемена испораката, туку само се наведува дека одобрениот „минимален износ потребен за да се спречи хуманитарен колапс и избивање на епидемии во Појасот Газа“, пренесува Тајмс оф Израел.
„Овој минимален износ од време на време ќе го одредува воениот кабинет, во согласност со стапката на инфекција и хуманитарните услови во Појасот Газа“, соопшти кабинетот на Нетанјаху, пренесува Танјуг.
Израелските медиуми јавуваат дека САД побарале дневната испорака од 60.000 литри да се удвои или тројно да се зголеми.