Стартапот за развој на вештачка интелигенција X AI(xAI) на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, сака да собере една милијарда долари капитал, а досега има собрано 135 милиони долари, се вели во поднесеното барање до Комисијата за хартии од вредност на САД.
Како што пренесува „Гардијан“, Маск сака да биде во чекор со ривалите во областа на развојот на вештачката интелигенција, вклучувајќи ги калифорниската компанија Open AI, Microsoft или Google.
Маск беше ко-основач на Open AI во 2015 година, но ја напушти компанијата по три години.
Во јули, најбогатиот човек на светот го лансираше стартапот X AI, кој во ноември го претстави својот прв модел со вештачка интелигенција, четбот со „бунтовничка низа“ по име Грок, пренесува Танјуг.
Четботот ќе биде достапен за одредени премиум претплатници на платформата X, а Маск рече дека инвеститорите во социјалната мрежа X ќе поседуваат 25 проценти од стартапот X AI.