Мелони: Италија нема да прифати пакт што не може да се почитува

Сподели со своите пријатели

Италија нема да ја прифати реформата на Пактот за стабилност и раст на Европската унија, доколку смета дека новите буџетски правила се неостварливи, изјави денеска италијанскиот премиер Џорџо Мелони, пренесува АНСА.

Loading...

„Не можете да кажете „да“ на реформата на Пактот ако не можете да ја почитувате“, рече Мелони за радио Rtl 102.5.

Земјите-членки на ЕУ во моментов преговараат за реформа на Пактот за стабилност и раст на Европската унија, кој беше суспендиран за време на пандемијата Ковид-19 во 2020 година, пренесува Танјуг.

Доколку земјите-членки не постигнат договор, старата буџетска регулатива ќе стапи на сила следната година.