Најмалку 50 Палестинци загинаа во нападите на израелската армија врз градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа и градот Деир ал Белах во централниот дел на опколената енклава.
Нападите ги објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА.
Најмалку 40 лица загинаа во нападите на израелските воени авиони врз градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа.
Израелската армија го бомбардираше и бегалскиот камп Нусејрат во градот Деир ел Белах, при што загинаа 10 лица.
Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа во петокот, откако стави крај на еднонеделното хуманитарно примирје со Хамас.
Најмалку 15.899 Палестинци се убиени, а повеќе од 42.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври.
• Death toll from attacks nears 16,000
• UN: Almost 1.9 million people, or over 80% of the population, have been displaced across the Gaza Strip
• 50 killed as Israeli jets bomb 2 schools in Gaza City
🚨 Israel resumed its military offensive on the Gaza Strip on Dec. 1… pic.twitter.com/9BC827eIgL
— Anadolu English (@anadoluagency) December 4, 2023