Во текот на ноќта времето низ Македонија беше претежно облачно, во северозападните делови со слаб локален дожд.
Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец, кој особено во централниот дел на Повардарието повремено беше засилен.
Утрово е променливо облачно, на места со слаб до умерен југоисточен ветер.
Во текот на денот низ Македонија ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен, наместа засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови и во централниот дел на Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно, но потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу седум степени, а максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.
Утре ќе имаме претежно сончево и топло време за овој период од годината, со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 17 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме повторно пад на температурите и облачно времс со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до засилен ветер од северозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 10 степени целзиусови.
Слично време со комбинација од дожд и сонце ќе има и од понеделник, но дневните температурите ќе бидат пониски.
Никола Ивановски