Во Франција најголем број затвореници за еден месец откако се води евиденција

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 75.000 луѓе беа затворени во француските затвори во текот на ноември, што е најголем број затвореници во еден месец откако се води евиденција, соопшти денеска француското Министерство за правда.

Според Министерството, од 1 ноември во француските затвори имало само 60.975 затвореници, што значи дека затворени се околу 17.000 луѓе повеќе отколку што има слободни места.

Вкупната густина на лица сместени во затворите е 123,2 отсто, додека истиот месец лани изнесувала 120 отсто, пренесува Фигаро.

Во истражните центри, каде што притворените чекаат судење, пополнетоста е 147,6 отсто, а во 10 институции достигнува, па и надминува 200 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над половина од Полјаците не сакаат да ја бранат својата земја

Поради пренатрупаност, 2.668 притвореници се принудени да спијат на душеци поставени на подот, додека пред една година ги имало 2.225, пренесува Танјуг.