Ограбена бензинска пумпа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица вчера пред полноќ физички нападнале вработен на бензинска пумпа, по што го ограбиле.

Loading...

– На 29.11.2023 во 23.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ во Куманово, две лица физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од кумановската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, полицијата му пронашла кафеава прашкаста материја