Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи годишната прес-конференција на 14 декември, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„На 14 декември Владимир Путин ќе ги сумира резултатите од годината, тоа ќе биде програма – како и досега, проект на телевизиски канали. Тоа ќе биде комбиниран формат на директна линија и завршна прес-конференција на претседателот – изјави Песков за новинарите.
Тој прецизираше дека во специјално создаденото студио ќе бидат сместени претставници на медиумите – новинари од руски региони, федерални медиуми, како и странски новинари акредитирани во Москва, пренесува РИА Новости.
Одговарајќи на прашањето колку ќе трае овој настан, портпаролот на Кремљ рече дека јасното време на големата прес-конференција и директната линија со Путин не е однапред одредено и дека тоа е многу долг и значаен настан.
Минатата година Путин не одржа годишна конференција, а во претходните 10 години ваквите конференции траеја со часови.