Дваесет и тригодишниот Т.Р. од Крива Паланка заработил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Кривични пријави заработиле и нејзините родители В.П. (55) и С.П.(39), двајцата од Куманово поради соменение дека учествувале во кривичното дело.
Имено, Т.Р.во периодот од 28.02. до 10.03.2016 година, во својата куќа во с. Ранковце живеел во вонбрачна заедница со четиринаесетгодишно девојче. Второ и трето пријавените како родители на истата, откако од страна на полициски службеници била вратена во нивниот дом, повторно и допуштиле да живее во вонбрачната заедница со Т.Р.
Против сите три лица Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријави за вонбрачен живот со малолетно лице.