Цената на нафтата порасна, доларот благо зајакна

Сподели со своите пријатели

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо порасна, со што малку се оддалечи од најниското ниво во повеќе од три месеци.

Loading...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,75 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,46 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 146,70 на 147,10 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0975 долари, додека вчера во ова време беше 1,0995 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Долниот дом на Австралија усвои закон за забрана на мрежите за деца под 16-годишна возраст

Со денешниот благ пораст, индексот на доларот само ги намали загубите овој месец на приближно 3,7 отсто.

Слабеењето на доларот е последица на очекувањата дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки во првата половина на следната година.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,30 отсто, на 83,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,33 отсто, на 78,10 долари.