Шведска влезе во рецесија, економијата во третиот квартал падна

Сподели со своите пријатели

Шведска влезе во рецесија бидејќи нејзината економија падна за 0,3 отсто во третиот квартал во однос на вториот квартал, по падот од 0,8 отсто во претходниот квартал, објави денеска Шведскиот институт за статистика – СЦБ.

Loading...

Како што е наведено на веб-страницата на организацијата, падот е пред се последица на намалувањето на залихите и помалата потрошувачка на домаќинствата.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,6 отсто на квартално ниво, а потрошувачката на општата влада не се менува.

Бруто-инвестициите во постојан капитал се намалени во истиот период за 0,6 отсто.

Инвестициите во станови продолжија да опаѓаат, како и инвестициите во други згради и објекти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санчез најави дополнителни 2,3 милијарди евра за реконструкција по поплавите

Во третиот квартал извозот порасна за 1,4 отсто на квартално ниво, додека увозот е намален за 1,5 отсто.

На годишна основа, шведската економија падна за 1,4 отсто во однос на третиот квартал од 2022 година, пренесува Танјуг.