Хамас денеска ќе ослободи дополнителни руски заложници во знак на благодарност за ставот на Путин кон Газа, пренесува руската новинска агенција Тасс.
„Не ослободивме ниту еден Израелец кој е во Газа, освен Русинот Рон Кривој, кој го ослободивме во знак на благодарност за односот на рускиот претседател Путин“, го цитира Тасс претставникот на Хамас Муса Абу Марзук.
„Денес ќе ослободиме уште неколку Руси надвор од примирјето“, додаде Марзук.
Тасс забележува дека Марзук неодамна ја посетил Москва.
Кривој беше ослободен на 26 ноември.
Руски Израелец работел како техничар за звук на музичкиот фестивал „Нова“ кој бил нападнат од Хамас.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Кривој е ослободен поради руските дипломатски контакти со Хамас.