Американски воен авион се урна кај Јапонија: Во него имало осум лица

Сподели со своите пријатели

Американски воен авион со осум лица се урна денеска во океанот во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Loading...

Портпаролот на јапонската крајбрежна стража изјави дека нема дополнителни информации за инцидентот, што значи дека нема информации ниту за безбедноста на луѓето кои биле во авионот „Оспреј“.

Несреќата се случила околу 14 часот и 47 минути по локално време, а граѓаните пријавиле дека се запалил левиот мотор на авионот и дека леталото паднало во морето, пренесе јапонската телевизија МБЦ.

Портпаролот на американските сили во Јапонија се уште не го коментирал инцидентот, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Трамп може да го прифати авионот од Катар?