Чешкиот претседател ги критикуваше сојузниците во НАТО поради Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Чешка, Петр Павел, денеска во Италија ги критикуваше НАТО сојузниците, оценувајќи дека тие ги изневериле ветувањата дадени на Украина и со тоа ја отежнале нејзината контраофанзива, како и дека Западот треба да му даде на Киев сè што му треба со цел да си го врати суверенитетот и да воспостави контрола над своите граници.

Loading...

Сè помалку од тоа би бил наш пораз. А руската победа ќе се сврти против нас во иднина, бидејќи ќе ја зајакне нивната верба дека можат да ги постигнат своите цели со сила и ќе ги охрабри сите режими во светот да сметаат на слабоста на западните демократии“, рече Павел во интервју за Италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силни руски напади низ Харков и Киев: Се појави стравична видео-снимка од напад со дронови (ВИДЕО)

Павел, кој претходно беше на чело на Воениот комитет на НАТО, предупреди дека Западот не го исполнил ветувањето на Украина за снабдување со артилериска муниција и посочи дека обуката на пилотите на американските авиони Ф-16 се одвива побавно од очекуваното и дека Германија се двоуми дали да испрати ракети, кои Украина го очекува, пренесуваат чешките медиуми.

„Тоа предизвикува нерамнотежа во испораките, а неизвесноста на украинската страна не е добра основа за воено планирање. Оваа година Украина имаше шанса за една голема контраофанзива. Тие се скапи, бараат и бараат долго време, две или три контраофанзиви не можат да се спроведат во текот на една година“, рече Павел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека го нападнала аеродромот Борисоглебск во Русија

Павел: Зимата ќе биде исклучително тешка

Чешкиот претседател, исто така, предупреди дека зимата ѝ дава време на Русија за обнова, бидејќи ја ставила својата индустрија во режим на војна и набавува оружје во странство.

„Зимата ќе биде исклучително тешка бидејќи е уништен голем дел од инфраструктурата на Украина. Ќе биде тешко за населението, а додека земјите кои сега ја поддржуваат Украина се двоумат, чувството на фрустрација расте. И нормално, тоа создава ситуација која не е многу поволна за продолжување на контраофанзивните операции. Ако ја пропуштиме можноста да ја зачуваме нашата поддршка за Украина, следната година би можела да биде уште поповолна за Москва“, изјави чешкиот претседател за италијански весник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  94 украински дронови соборени над Русија во текот на ноќта, нема жртви

Павел рече дека Чешка од своето искуство знае дека единствениот јазик што Русија го разбира е јазикот на силата.

„Се разбира, ќе биде неопходно да се дојде до фаза во која ќе може да се водат разговори со Москва. Но, тоа мора да биде во рамките на меѓународните правила и закони, а не под условите поставени од (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече чешкиот претседател.

Loading...