Јужна Кореја го одложи лансирањето на својот прв воен шпионски сателит

Сподели со своите пријатели

Поради лоши временски услови, Јужна Кореја го одложи лансирањето на првиот воен шпионски сателит, од како што беше планирано за 30 ноември, за 2 декември, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Loading...

Како што е наведено, датумот на лансирање на извидувачкиот сателит на ракетата Space X Falcon 9 од базата на американските вселенски сили Ванденберг во Калифорнија е поместен од 30 ноември на 2 декември, пренесува Reuters.

Планираното лансирање е дел од планот на Јужна Кореја да испрати пет домашни извидувачки сателити во орбитата до крајот на 2025 година за подобро следење на Северна Кореја.

Северна Кореја го лансираше својот прв шпионски сателит на 21 ноември и тврди дека фотографирала големи воени објекти во Јужна Кореја и американските територии Гуам и Хаваи, како и Пентагон и Белата куќа, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна авион во Чиле. Шестмина загинати!