Израел ослободи дете од затвор: „Стражарите ме претепаа, ми ги скршија раката и прстот“

Сподели со своите пријатели

Едно од палестинските деца ослободени од израелски затвор изјави за Ал Џезира дека минатата недела бил претепан од израелските чувари и дека му биле скршени раката и прстот.

Loading...

Мохамед Назал, тинејџер по потекло од Џенин, додал дека не му била укажана никаква медицинска помош во затворот и покрај повредите и дека Црвениот крст само му ја преврзал раката по ослободувањето, пишува Гардијан.

Мајката: Немаше повици, посети, ништо

„Израелците не ми дадоа ништо. Имам скршена рака, не можам да мрдам со прст“, рече тој.

Неговата мајка, која застана покрај него додека тој зборуваше за Ал Џезира, рече дека немала поим што се случува со него.

„Немаше повици, посети, ништо“, рече таа.

Пред да започне размената на заложници и затвореници минатата недела, Здружението на палестинските затвореници соопшти дека Израел држи 7.200 затвореници, меѓу кои 88 жени и 250 деца.

Од 7 октомври, Израел уапси дополнителни 3.260 Палестинци, меѓу кои 120 жени и повеќе од 200 деца.