Носел пиштол и бил агресивен во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишник од Свети Николе ноќва бил приведен во кумановската болница оти се однесувал агресивно и носел пиштол.

Loading...

– Денеска (25.11.2023)  во 01.00 часот,полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(30) од Свети Николе,поради тоа што во Општа болница Куманово агресивно се однесувал кон вработените и носел пиштол, информираат од кумановската полиција.

Како што додаваат од полицијата, тој бил задржан во полициска станица, пиштолот му бил одземен и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец физички ја нападнал својата сопруга