Триесет и седумгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека сторил измама со која оштетил сограѓани за 149 илјади денари.
Loading...
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ж.С.(37) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот, на 18.09.2023 се договорил со две лица од кумановско село да им набави грозје и друга стока за сума од 127.000 денари на едното, односно 22.000 денари на другото лице, но досега не им го донел договореното, ниту им ги вратил парите.
Никола Ивановски