Продажбата на кинески автомобили во Русија го достигна врвот и постепено се забавува поради благото закрепнување на руското производство.
Оваа информација ја пренесе агенцијата Ројтерс, која се повикува на статистичките податоци на руската агенција Автостат.
До февруари минатата година уделот на кинеските автомобили на рускиот пазар беше помалку од 10 отсто.
Во август годинава тој удел достигна 56 отсто, но во септември падна на 53 отсто. Статистиката вклучува увезени кинески автомобили, како и оние произведени во Русија.
Според податоците на кинеската царина, Русија стана најголемиот купувач на кинески автомобили од јануари до октомври 2023 година.
Вредноста на извозот на автомобили од Кина во Русија во првите 10 месеци од 2023 година достигна 9,4 милијарди долари, додека во истиот период од 2022 година изнесуваше 1,1 милијарди долари.
На рускиот пазар моментално се присутни 15 кинески марки на автомобили.