Израел доби список со заложници кои треба да бидат ослободени денеска

Сподели со своите пријатели

На вториот ден од прекинот на огнот, Израел чека Хамас да ја ослободи следната група заложници што ги држи во Газа.

Loading...

Откако Хамас вчера ослободи 13 израелски заложници, мајки и нивните мали деца и постари жени, по 49 дена, Израелците се подготвуваат за ослободување на втората група од 13 заложници, што се очекува подоцна денеска.

Ослободувањето на заложниците е дел од привремениот договор за прекин на огнот кој стапи на сила во петокот во 7 часот.

Од друга страна, Израел ослободи од затвор 39 Палестинки и малолетни деца.

Привремениот договор за примирје меѓу Израел и Хамас вклучува четиридневна пауза во борбите, прва во последните седум недели борби кои започнаа на 7 октомври со напад на Хамас на израелска територија и ослободување на вкупно околу 50 израелски заложници во групи од околу десетина дневно, пишува The Times of Israel.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас се согласил да ги одложи отворените прашања во преговорите за подоцнежна фаза

Четиридневното примирје потенцијално би можело да биде продолжено за еден ден за секоја група од уште 10 заложници ослободени од Хамас, соопштија израелските власти.

Како дел од посебен договор, Хамас во петокот ослободи 11 странски државјани – 10 Тајланѓани и еден Филипинец – кои исто така беа киднапирани за време на нападот на 7 октомври.

Израел во петокот вечерта примил список на заложници кои треба да бидат ослободени денеска, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Loading...

Според соопштението, израелските безбедносни службеници ги известиле семејствата на заложниците по прегледот на списокот, пишува The Times of Israel.

Како што дознава израелскиот Канал 12, на списокот повторно има 13 имиња, но сега на него има повеќе деца, додека меѓу ослободените во петокот имало само четири деца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лансет: Израелските сили убија многу повеќе луѓе во Газа отколку што беше објавено

Хамас и другите палестински милитантни фракции киднапираа околу 240 луѓе, вклучително и околу 40 деца, во напад на 7 октомври.

Најмалку 60 камиони со помош влегоа во Газа вчера, а секој ден од примирјето ќе се доставуваат 130.000 литри гориво до палестинската енклава, исто така дел од договорот меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на Катар.