Нигеријците ја добија првата соба за кршење во која за само осум долари можат да скршат сè што ќе им дојде при рака.
Shadow rage room е место каде Нигеријците можат да ги истурат сите свои фрустрации и насобран гнев, а таквиот чин, според основачите, има терапевтски ефект.
View this post on Instagram
„Тоа е здрав начин да го намалите стресот и да го исчистите умот“, објаснуваат тие и додаваат дека тоа е простор во кој не се осудува.
View this post on Instagram
„Не е се толку сериозно, уништувањето работи може да биде многу забавно“, објаснуваат тие и додаваат дека луѓето се чувствуваат физички исцрпени по сесијата, што, како што тврдат, им помага полесно да заспијат.
View this post on Instagram
Во просторијата е задолжително носење кацига и заштитно одело, а клиентите имаат избор од различни алатки, како чекан и безбол палка, со кои можат да „довршат“ веќе оштетен телевизор и други предмети.