Руска актерка е убиена во украински напад додека настапувала за војниците, соопшти нејзиниот театар.
Танцувачка сала во делот на Украина под контрола на Русија, каде што настапувала Полина Меншик, била погодена за време на украинското гранатирање на 19 ноември.
Актерката наводно настапувала како дел од прославата на рускиот воен празник.
Украина тврди дека околу 20 руски војници биле убиени во нападот, но руските власти не го потврдиле тоа.
Според извештаите од теренот, Меншик настапувала во локална сала за танцување која може да прими околу 150 луѓе.
На социјалните мрежи кружи видео на кое наводно се гледа моментот на нападот.
На видеото се гледа жена, која најверојатно е Полина Меншик, како пее и свири на гитара на сцената, пред да се чуе експлозија и да исчезнат светлата во салата.
Од повредите Меншик починала во болница.
Во изјава за украинскиот сервис на Би-Би-Си, портпаролот на украинската војска ги потврди медиумските извештаи за нападот.
Портал, театарско студио во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија, а поврзано со Полина Меншик, објави дека следната изведба на претставата што таа ја режираше ќе биде посветена на неа.
Нападот се случил на 60 километри од линијата на фронтот во селото Кумачов.
Кумачев се наоѓа во областа Доњецк во источна Украина, која е под руска контрола од 2014 година.
Другите делови на градот Доњецк беа место на тешки борби во последните месеци, особено градот Авдеевка.
Руските блогери кои ја поддржуваат војната го критикуваа поставувањето на претставата.
Настапот на кој присуствуваа десетици војници на едно место беше очекувана цел на украинскиот напад, напишаа тие.