Директорот на најголемата болница во Газа е уапсен од страна на израелските одбранбени сили, соопшти Министерството за здравство предводено од Хамас.
Loading...
Д-р. Селмеја беше приведен заедно со членовите на медицинскиот персонал во Ал Шифа, изјави портпаролот на министерството.
Објектот беше главниот фокус на израелската копнена операција во северниот дел на Газа, а беше нападнат од војници минатата недела.
ИДФ тврди дека Хамас користи комплекс од тунели под болницата за да организира напади и да крие заложници, што милитантната група го негира.
„Д-р Селмеја, директорот на болницата Ал Шифа, како и дел од медицинскиот персонал кој се уште е присутен во болницата, се уапсени“, изјави д-р. Ашраф ал Кудра.