Палестинци: Нема примирје, Израел нападна синоќа

Сподели со своите пријатели

Палестинските медиуми рано утринава објавија дека израелски авиони и артилерија го гранатирале јужниот град Кан Јунис во најмалку два брана, при што загинале 15 лица.

Loading...

Напади беа пријавени и во неколку други делови на Газа, вклучувајќи го бегалскиот камп Џабалија, северно од градот Газа и кампот Нусејрат во центарот на Газа.

Немаше моментален коментар од Израел, а Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.

Израел им порача на Палестинците да се преселат на југ заради безбедност, но продолжи да ги напаѓа областите како Кан Јунис.

Околу 160 Палестинци наводно биле убиени вчера – од кои 50 од едно семејство

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија со остри критики: Хуманитарната помош во Газа не доаѓа до цивилите

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи вели дека преговорите за заложниците со посредство на Доха „напредуваат“ и дека точното време на прекинот на огнот ќе биде објавено во наредните часови.

Катар, Израел и Хамас вчера одделно објавија дека договорот ќе стапи на сила во 10 часот утринава, но Израел подоцна објави дека имплементацијата нема да се случи до петок наутро поради очигледни логистички доцнења.