Шеесет и едногодишен кумановец со тешки повреди завршил во болница, откако две лица физички го нападнале во Скопје.
Loading...
– На 21.11.2023 во 23.00 часот во Полициската станица Карпош, Љ.С.(61) од Куманово пријавил дека на подрачје на Карпош – Скопје бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски