Кумановец се однесувал агресивно и вознемирувал сограѓани

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен ноќеска поради агресивно однесување и вознемирување на сограѓани.

Loading...

– На 22.11.2023 околу 01.30 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(27) од Куманово затоа што се однесувал агресивно и со тропање на влезната врата вознемирил станари во еден стан, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, полицијата му пронашла кафеава прашкаста материја