Ирак: Во американските напади загинаа пет членови на паравоената група Катаиб Хезболах

Сподели со своите пријатели

Ирачката паравоена група Катаиб Хезболах денеска на социјалните мрежи објави дека пет нејзини членови биле убиени во американски напади во областа Џурф ал-Сахар, јужно од Багдад.

Loading...

Пентагон во вторникот потврди дека неколку членови на проиранската милиција во Ирак биле убиени во напад на американски воен авион, кој претходно истрелал балистичка ракета со краток дострел врз американскиот и сојузничкиот персонал во таа земја, пишува лондонскиот весник Гардијан.

Ова беше првпат САД да потврдат напад врз проирански сили во Ирак и врз цели поврзани со Техеран во Сирија, како одговор на зголемувањето на нападите врз американскиот воен персонал во тие земји, пренесува Танјуг.