Соединетите Американски Држави нема да поддржат проширување на израелските воени дејствија на југот на Појасот Газа, освен ако не постои конкретен план за заштита на цивилите кои се евакуирани на југ, соопшти синоќа Белата куќа.
„Во однос на размислувањето на Израел за поместување на операциите на југ, ние рековме дека не поддржуваме такви операции без јасен план од Израелците да објаснат како тие ќе го заштитат драматично зголемениот број цивили на југ“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, пренесува Newsweek.
Кирби рече дека зголемувањето на бројот на луѓе се должи на фактот дека голем број цивили биле евакуирани од северот на предупредување на Израел и дека САД се задоволни што гледаат дека се воспоставени безбедни коридори од север за оние кои бараат засолниште од северна Газа.
„Сега кога луѓето се на југ, и затоа е поголема одговорност за Израелците да бидат безбедни пред да започнат операции на југ, да ги заштитат цивилите“, посочи Кирби.