ЕУ ја повикува Унгарија: Престанете да купувате руски енергенси!

Сподели со своите пријатели

Европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон ја повика Унгарија да престане да купува руски енергетски производи, пишува „Политико“.

Loading...

Според информациите, Симсон рекол дека Будимпешта треба да ги интензивира напорите во оваа насока.

– Дури и Унгарија знае дека ова ѝ дава право на Русија да манипулира со својот пазар. Не е во интерес на Унгарија да продолжи со оваа зависност – тврди еврокомесарот.

Таа, исто така, жали што Будимпешта ја продолжила изградбата на нуклеарната централа Пакш-2 со поддршка на Русија.

Претходно, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто изјави дека неговата земја нема да поддржи санкции против руската нуклеарна енергија, без разлика во кој пакет санкции на ЕУ се наоѓаат. Тој рече и дека Русија и Унгарија потпишале работен план за изградба на нуклеарната централа „Пакш 2“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Не е исклучена можноста за напад врз воените бази на НАТО

Рускиот гасен гигант Газпром најави дека зимава ќе ги зголеми испораките на природен гас за Унгарија.