Денеска се слават Младенци, ден на младоста, љубовта и убавината

Сподели со своите пријатели

Денеска е 40 Севастиски маченици – Младенци. Овие 40-мина биле римски војници. За време на гонењето од страна на Ликиниј кој владеел со источниот дел од Рим­ското царство заедно со Диоклецијан, тие биле изведени пред суд заради нивната вера, а потоа ставени во замрзнато езеро и оставени таму преку целата ноќ. 

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината.

Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

Именден празнуваат: Младен, Младенка…