Зеленски: Украина ќе биде дел од ЕУ, а среда е голем ден на тој пат

Сподели со своите пријатели

Украина веќе измина долг пат кон својата цел, а тоа е да се приклучи на Европската унија, изјави во вторникот украинскиот претседател Володимир Зеленски во порака до своите граѓани.

Loading...

„Украина ќе биде дел од Европската унија, а среда е голем ден на тој пат“, рече Зеленски, чија земја во моментов е кандидат за членство во ЕУ.

Кога се осврна на „големиот ден“, Зеленски мислеше на проценката за состојбата на напредокот на неколку земји кандидати што ќе ја објават лидерите на ЕУ во среда.

Во сегашниот статус како Украина се уште се Молдавија и Грузија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп бара ретки метали од Украина во замена за помош. Пристигна одговорот на Зеленски.

„Веќе ги подготвуваме следните чекори на тој пат, а еден од нив е зајакнувањето на институциите“, рече украинскиот претседател, кој исто така се надева дека ЕУ ќе објави дека ги отвора пристапните преговори со Украина за влез во алијансата.

Претходно Европската унија наведе седум главни критериуми кои мора да се исполнат за отворање на пристапните преговори, а акцентот беше ставен на намалувањето на корупцијата и реформите во судството.

Во оваа смисла, Европската унија веќе изјави дека Украина веќе постигнала „голем напредок“.

Дваесет и седум земји-членки на самитот во декември треба да одлучат дали ќе му дозволат на Киев да започне преговори, потег што бара едногласна поддршка од сите членки на ЕУ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Балтикот се исклучува од руската мрежа

Украина поднесе барање за пристапување во ЕУ неколку дена откако започна целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година.

Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба во вторникот по разговорите во Брисел изјави дека Европската комисија е „импресионирана“ од резултатите од реформите што Украина ги покажа во контекст на војната.