Сè повеќе Палестинци бегаат од северниот дел на Газа додека Израел ги засилува нападите

Сподели со своите пријатели

Сè повеќе палестински цивили бегаат од зоната на конфликт во северниот дел на Појасот Газа, бидејќи израелските воздушни и копнени напади се интензивираат, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Loading...

Во вторникот избегаа околу 15.000 луѓе, во понеделникот околу 5.000, а во неделата 2.000.

Израелската армија ги повикува Палестинците да се преселат во јужниот дел на Газа и да го сторат тоа, како што се вели, во текот на четирите часа секој ден кога им обезбедува безбеден премин.

Најмногу бегаат децата, постарите и лицата со посебни потреби, соопшти агенцијата на ОН. Многумина одат пешки и носат многу малку работи со себе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 14 Палестинци загинаа во нападите на израелските сили ширум Газа

Некои од нив рекоа дека морале да поминат низ израелските контролни пунктови за да стигнат на југ и биле сведоци на апсења.

Други рекоа дека поминале покрај израелските тенкови со кренати раце и веејќи бели знамиња.

Густо населениот северен дел на Газа, особено главниот град и околните бегалски кампови, се во фокусот на израелските напори да го уништи Хамас, екстремистичката исламска организација која владее со Појасот Газа веќе 16 години.

Војната, која започна пред еден месец, беше предизвикана од ненадејните напади на Хамас во јужен Израел во кои загинаа повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили.

Loading...

Десетици илјади палестински цивили останаа во зоната на конфликтот, а многумина се засолниле во училиштата и зградите на ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: ЕУ мора да изврши притисок врз Израел поради војната во Газа

Според податоците на ОН, околу 1,5 милиони од вкупно 2,3 милиони жители на Газа се раселени.

Жителите синоќа слушнаа силни експлозии во градот Газа и блискиот камп Шата, а израелската војска соопшти дека војниците се борат со силите на Хамас длабоко во густо населената област.

Министерството за внатрешни работи на Хамас утринава соопшти дека во воздушен напад била погодена куќа во близина на бегалскиот камп Џабалија.

Жител на градот Газа рече дека бомбардирањето било силно и во близина и луѓето ги фатило паника кога доцна синоќа слушнале дека израелските копнени сили се борат длабоко во градот.

Портпаролот на Хамас Гази Хамад синоќа во Бејрут негираше дека израелските сили постигнуваат голем успех и напредувале длабоко во градот Газа, додавајќи дека многу израелски војници се убиени, тенкови уништени и дека Палестинците ќе се борат до крајот на окупацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: ЕУ мора да изврши притисок врз Израел поради војната во Газа

Израелската армија објави дека илјадници борци на Хамас се убиени, а овие тврдења не може да бидат независно потврдени.

Министерството за здравство во Газа во вторникот објави дека од 7 октомври досега се убиени повеќе од 10.300 Палестинци, од кои повеќето цивили во малата енклава.

Loading...

Во Израел денеска беше потврдено дека од почетокот на копнената операција на 27 октомври загинале 31 војник.